Манчестер Сити има иницијатива, но нема голови на полувремето во Истанбул

Без голови, 0-0, завршува првото полувреме на финалето на Лигата на шампионите во Истанбул помеѓу Манчестер Сити и Интер.

“Граѓаните“ имаат мала теренска иницијатива, имаат поголем посед на топката, но без изразити можности за погодок. На спротивната страната, екипата на Интер со голем број на фудбалери пред својот гол се брани и шансата за погодок ја бара преку брза транзиција.

Единственото нешто што е за одбележување во првото полувреме е повредата на Кевин де Брујн, кој во 36-тата минута беше заменет од Фил Фоден.

- Оглас -

Најнови вести