Серхио Кун Агуеро се придружи кон големиот број на сегашни и поранешни фудбалери кои му дадоа поддршка на Лео Меси за одлуката да продолжи во САД, односно во Интер Мајами.
Тој го критикуваше раководството на Барселона, велејќи дека не направиле доволно за да го вратат Меси на “Ноу Камп“.
– “Барселона не направи доволно за да го врати Месо. Да, проблем беа и Ла Лига и економската ситуација, но Лео ја донесе вистинската одлука да не чека до последната секунда како во 2021-вата година.“ – изјави Кун Агуеро, кумот на Лео Меси за Мудо Депортиво.
Агуеро во 2021-вата се пресели од Манчестер Сити во Барселона за да игра во иста екипа со Лео Меси, но таа желба не му се оствари, бидејќи во тој период аргентинецот си замина од “Ноу Камп“ и потпиша за ПСЖ.