Адријано наместо да го коментира финалето – остана во Рио де Жанеиро, лудувал цела вечер и го пропуштил летот за Истанбул

Поранешниот бразилски репрезентативец, Адријано, требаше да го коментира финалето во ЛШ помеѓу Манчестер сити и Интер за телевизијата ЕСПН, но лудувал по дискотеки вчеравечер и го пропушти летот за Истанбул.

Бразилските медиуми објавија дека Адријано во петокот вечерва бил забележан на три забави во ноќните клубови во Рио де Жанеиро поради што не успеал да стигне навреме на аеродром и да се качи на авионот кој летал за Истанбул.

https://twitter.com/futebol_info/status/1667576603898007556?s=20

„Фотографиите покажуваат дека Адријано одлично се забавивал на три различни места“, пишува португалскиот весник „А Бола“ кој ги пренесува извештаите на бразилските медиуми.

Поради „лудувањето“ Адријано остана без добар хонорар и можност од лице место на Олимпискиот стадион „Ататурк“, да ги бодри фудбалерите на неговиот поранешен тим, Интер. Бразилецот одигра 177 натпревари во дресот на Интер и постигна 74 гола, а имаше и 29 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести