Пет фудбалски натпревари од пет различни држави се дел од Квотите на денот на Sport Life. Искомбинирани на еден тикет, петте дуели прават квота од 48.9, а заедничко им е тоа што се очекуваат голови на сите натпревари.
Домаќините влегуваат како фаворити на дуелот од плеј-офот на австриската лига за пласман во Конференциската лига. Се очекува Австрија Виена да биде ефикасна и да го потврди добриот резултат од првиот натпревар. Предлогот за овој натпревар е домашните да дадат најмалку еден погодок во првото полувреме, а вкупно на целиот натпревар најмалку два голови. Квотата за оваа игра е 2.10.
Норвешкиот фудбал секогаш изобилува со голови, а така се очекува да биде и на дуелот помеѓу Бого Глимт и Хам Кам. Домаќините се фаворити и затоа предлогот е тие да имаат водство на полувремето и да победа на крајот, но и на дуелот да бидат постигнати помеѓу три и шест голови. Квотата за овој натпревар е 2.05.
Екипата на Хелсинки како фаворит влегува во дуелот од финското првенство против КТП. Хелсинки го има најдобриот напад во лигата и затоа предлогот е тие да постигнат помеѓу еден и три голови и во првото и во второто полувреме. Квотата за овој натпревар е 2.30.
Интересен и возбудлив натпревар се очекува да одиграат екипите на Специја и Верона. На дуелот кој ќе одлучува која екипа ќе остане во Серија А се очекува да бидат постигнати помеѓу еден и три голови и во првото и во второто полувреме. Квотата за оваа игра е 2.35.
Фламенго е фаворит против Гремио во дуелот од бразилската Серија А. Предлогот за овој натпревар е да се одигра на победа на домашната екипа, но и да биде постигнат барем еден погодок во првото полувреме. Квотата за овој натпревар е 2.10.