Светските медиуми пишуваат дека после синоќешното финале на Лигата на шампионите исчезнал таткото на Енцо Мареска, помошникот на Пеп Гвардиола. Тој дошол во Истанбул на му даде подршка на синот и да го бодри против Интер, последен пат е виден на стадион, но после завршувањето на финалето веќе му се губи траг.
Така Марсека, наместо да го слави успехот, тој се соочува со семејна драма и ноќна ја поминал во комуникација со семејството и со турската полиција, која презема се за да го пронајде таткото на тренерот на Манчестер Сити.
За Марсека ова е прва сезона како помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити и веднаш стана дел од историјата на клубот, откако ја освоија тројната круна – Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите.