Калин Ивановски триумфираше на турнирот во Скопје!

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски триумфираше на Фјучерсот во Скопје. Во финалето, Ивановски го победи Французинот Вајнебург и тоа со 2:0 во сетови.

Во првиот сет се водеше голема борба, па мораше да се игра и тајбрејк, кој припадна на македонскиот тенисер. Во вториот сет Калин беше подобар со 6:4 во гемови и тоа беше доволно за освојување на овој турнир.

За Ивановски ова е четврти освоен турнир во кариерата, а Македонија и Скопје по дури 14 години доби некој Македонец кој триумфираше на овој турнир.

- Оглас -

Најнови вести