Брејди, Златан, Мбапе го бодрат Новак (Фото)

Српскиот тенисер се наоѓа пред освојување на историска 23-та гренслем титула, а во походот по испишување на историја, има голема поддршка од големи спортски ѕвезди кои навиваат за него.

Во неговата ложа се наоѓа најдобриот квотербер во историјата на НФЛ лигата, Том Брејди, кој пред неколку месеци се пензионираше.

На трибините на стадионот „Филип Шатрие“ се наоѓаат и Златан Ибрахимовиќ кој е негов голем пријател, како и и ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе. Тука се и Оливие Жиру и Бенжаман Павар, како и големата холивудска ѕвезда Хју Грант кој е голем фан на тенисот.

Ѓоковиќ моментно води со 2-0 во сетови против Каспер Руд.

https://twitter.com/J0EJESUS15/status/1667882701972557829?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести