Откако не успеаја да го убедат Меси, Саудијците подготвија сензационална понуда за Нејмар

Челниците на саудискиот тим Ал-Хилал, веќе тргнаа во лов по нова мегаѕвезда, Бразилецот Нејмар, откако не успеаја во намерата да потпишат со Лионел Меси.

Претставници на Ал-Хилал веќе отпатувале за Париз на преговори со Нејмар, но и со челниците на ПСЖ бидејќи Бразилецот сè уште е под договор со францускиот тим.

Според Си-би-ес спортс, Ал-Хилал е подготвен на ПСЖ да му плати 45 милиони евра отштета, додека Нејмар на маса има договор кој ќе му носи 200 милиони евра.

Идентичен договор имаат и Кристијано Роналдо кој настапува за Ал-Наср и Карим Бензема кој минатата недела потпиша за Ал-Итихад.

 

- Оглас -

Најнови вести