На Теодосиќ тешко му падна новиот пораз од Армани, влета на трибини и се степа со навивачи (Видео)

Поранешниот капитен на кошаркарската репрезентација на Србија и член на Виртус Болоња, Милош Теодосиќ, се најде во центарот на скандал по вториот меч од финалната серија во плејофот за титулата во италијанскиот шампион, бидејќи се степа со навивачи.

Теодосиќ на пат кон тунелот, влета меѓу навивачите на трибината и почна да се тепа со нив. Веднаш притрчаа неговите соиграчи, како и обезбедувањето, и ја прекинаа тепачката. Но, тоа не беше се од Теодосиќ, кошаркарот застана пред тунелот и повикуваше некој од навивачите на трибината да излезат надвор и да ја продолжат тепачката.

Тимот на Теодосиќ, Виртус Болоња загуби со 79:76 од Армани во вториот меч од финалето во италијанскиот плејофот и се наоѓа на чекор од губење на титулата. Теодосиќ одигра лош натпревар, постигнувајќи само четири поени.

- Оглас -

Најнови вести