Вториот тим на Реал во 95-тата минута даде гол за триумф над Барселона, од радост на навивачите се сруши заштитната ограда (Видео)

Вториот тим на Кралевите, Реал Мадрид Кастиља, ќе игра во финалето на баражот за пласман во втората шпанска лига откако направи неверојатен пресврт против вториот тим на Барселона.

Првиот меч од полуфиналето заврши со триумф на Барселона од 4:2, а вечерва на стадионот во тренинг-центарот на Реал Мадрид, „Алфредо ди Стефано“, Кралевите направија пресврт.

Тимот предводен од легендарниот Раул Гонзалес славеше со 3:0, а голот кој ги однесе во финалето на баражот беше постигнат во 95-тата минута. Стрелец на голот беше Серхио Арибас од пенал.

Младите фудбалери на Реал Мадрид голот и победата ја прославија со навивачите и, за среќа на сите, беше избегната трагедија. Имено, падна дел од заштитната ограда на трибината на стадионот „Алфредо ди Стефано“ и имаше само еден повреден навивач, кој не е во животна опасност.

 

- Оглас -

Најнови вести