Со натпреварите од Квотите на денот уплатата ја множите со 50 (Фото)

Пет нови натпревари се дел од понудата на Sport Life во Квотите на денот. Четири од дуелите се фудбалски, а еден е кошаркарски натпревар. Комбинирани на еден тикет, петте натпревари прават одлична квота од 51.6.

Првиот натпревар во понудата е пријателскиот дуел на репрезентациите на Германија и Украина. Германците се големи фаворити и токму затоа предлогот за овој натпревар е домашната селекција да постигне најмалку еден погодок во првото полувреме и најмалку три на целиот натпревар. Квотата е неверојатно голема, дури 2.50.

Њуелс олд бојс е фаворит против Унион Санта Фе во првенството на Аргентина. Предлогот за овој натпревар е да се одигра двојна шанса на домашната екипа, но и на мечот да бидат постигнати помеѓу два и четири погодока. Квотата за оваа игра е 2.10.

Единствениот кошаркарски натпревар во Квотите на денот е дуелот од полуфиналето на шпанскиот плејоф помеѓу Хувентут Бадалона и Реал Мадрид. Кралскиот клуб има водство од 2-1 во серијата и со победа ќе обезбеди пласман во финалето. Токму затоа предлогот е да се одигра дека Реал Мадрид ќе води на полувремето и ќе забележи победа на крајот од мечот. Квотата за овој натпревар е 1.90.

Вториот пријателски натпревар во понудата е дуелот помеѓу Мароко и Зеленортските Острови, или како што се нарекуваат самите, Кабо Верде. На овој натпревар се очекуваат голови па затоа предлогот е дека најмалку еден ќе биде постигнат во првото полувреме и три на целиот натпревар. Квотата за оваа игра на голови е 2.25.

Понудата ја затвораат екипите на Сан Лоренцо и Централ Кордоба, кои го играат својот дуел од аргентинското првенство. Домашните се трети на табелата и се фаворити на овој натпревар. Затоа се очекува нивна победа, но и најмалку еден погодок во второто полувреме. Квотата за овој натпревар е 2.30.

- Оглас -

Најнови вести