Познати учесниците во женската ЛШ: Љуботен е дел од одбрано друштво со Барселона, Реал, Баерн, Челзи, Јунајтед (Фото)

Женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово втора година по ред ќе биде претставник на Македонија во женската Лига на шампиони откако на доминантен начин стигна до двојната круна во македонскиот фудбал без пораз.

Избраничките на тренерот Ивица Радоњиќ првенството го завршија со импресивна гол-разлика од 115-13, а на сето тоа кога ќе се додаде дека во Купот на Македонија постигнаа 23 гола, а примија само 2, се доаѓа до заклучок дека фудбалерките на Љуботен постигнуваа во просек по 6 гола на 24-те натпревари коишто ги одиграа оваа сезона.

Сепак, сега следува далеку потежок предизвик, а тоа е учеството во Лигата на шампионите. Веќе се познати и сите учесници, а листата изгледа навистина импресивно. Љуботен е во друштво на фудбалски гиганти како Барселона и Реал Мадрид од Шпанија, италијанските Јувентус и Рома, францускиот ПСЖ, англиските гиганти Челзи, Манчестер јунајтед и Арсенал … Вкупно оваа сезона во женската Лига на шампиони ќе учествуваат 73 екипи.

За екипата на Љуботен ова ќе биде второ учество во Лигата на шампионите. Минатата сезона квалификациската група се одигра во Скопје, а според најавите, доколку УЕФА повторно им ја укаже довербата да бидат домаќини, турнирот ќе се одигра во Охрид.

https://twitter.com/soccerdonna/status/1667141902926225410?s=20

- Оглас -

Најнови вести