2534 Ахлафорс ИФ – Тролхатан (19.00 часот)
Ова е меч од третата шведска лига во кој гостите влегуваат како лидери на табелата и не знаат за пораз по 11 одиграни кола, па и денеска се фаворити. Тролхатан има само пет примени гола на 11 меча, но од последните четири кола, дури трипати играа нерешено. Ахлафорс има само осум постигнати гола сезонава, а во минатото коло им заврши серијата од три победи по ред. Овие тимови меѓу себе играа и пред пет дена во Купот, Тролхатан победи со 4-3 во меч на кој во второто полувреме паднаа шест гола.
Предлог тип: 2 & 2–4 (2.15)
8152 Анадолу Ефес – П. Каршијака (19.00 часот)
Истанбулските Пивари се фаворити во финалето на плејофот во кошаркарското првенство на Турција, но ова е прв меч во финалната серија и гостите од Измир не се без шанси за изненадување. Финалето се игра во три добиени, првите два меча се во Истанбул. Во полуфиналето, Пинар го елиминира првиот носител Турк Телеком, а Ефес беше подобар во евролигашкото дерби против Фенербахче. Во лигашкиот дел од сезоната, Каршијака двапати го победуваше Ефес, но ова е финале, Ефес е фокусиран само на домашните обврски.
Предлог тип: >174.50 (1.84)
8007 Партизан – Црвена ѕвезда (20.00 часот)
Белградските ривали ја стартуваат битката за првак на АБА-лигата. Партизан десет години не бил шампион на Јадранската лига и ќе проба да ја прекине доминацијата на Ѕвезда. Црно-белите имаат адути како тренерот Жељко Обрадовиќ и публиката, а со голем пресврт ја добија Ѕвезда во последниот меѓусебен дуел во март. Но, Црвено-белите сезонава еднаш победија во „Арената“, па и тие не се без шанси. Во вакви дуели често одлучуваат ситници и психолошката стабилност.
Предлог тип: >159.50 (1.84)
5251 Пирамидс – Ал-Ахли (20.30 часот)
Пирамидите се лидери на табелата во египетската лига, но Ал-Ахли има дури шест меча помалку од Пирамидс и само два бода помалку. Ал-Ахли не знае за пораз сезонава на домашната сцена и прими само седум гола на 24 меча. Кај Ал-Ахли присутен е заморот бидејќи завчера станаа прваци на Африка и немаа доволно време за одмор и подготовка за ова гостување, затоа и не се толку големи фаворити. Пирамидс лани во јули го победи Ал-Ахли, но сезонава сите лигашки и куп-дуели му припаднаа на поголемиот клуб од Каиро.
Предлог тип: ГГ (1.81)
3055 Фоџа – Леко (21.30 часот)
Фоџа и Леко поминаа долг пат за да дојдат до ова финале во разигрувањето за влез во италијанската Серија Б. Фоџа во полуфиналето на пенали ја победи Пескара, а Леко исто така на пенали ја исфрли Чезена. Ова е прв меч, ќе има и реванш на кој Леко ќе биде домаќин бидејќи беше трет во својата лига во Серија Ц, а Фоџа беше четврта. Овие тимови меѓу себе играле и пред 15 сезони, тогаш двапати било по 2-1 за тимовите коишто играле дома.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.45)