Најкорисниот играч во големото финале на НБА-лигата и најзаслужниот за првиот трофеј во историјата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, својата американска авантура ја започна во 2015 година. Тој во 2014 година како 41-ви пик на НБА-драфот беше одбран од екипата на Деневр нагетс.
Таткото на Никола, Бранислав, во едно интервју изјави дека не очекувал такво нешто.
„Имаше нешто посебно во себе, меѓутоа никој не можеше да знае колку далеку ќе стигне. Се сеќавам кога неговиот агент и Страхиња, мојот најстар син, ми рекоа дека Никола ќе оди да игра во НБА. Ги прашав: Дали се дрогирате, каква НБА?“, изјави Бранислав Јокиќ.
Со освојувањето на НБА-лигата, Никола Јокиќ, стана најниско драфтуваниот кошаркар кој освоил НБА-титула и го собори рекордот на Денис Џонсон, кој освои титула со Сиетл откако беше драфтуван како 29-ти.