Преговорите меѓу Тотенхем и Јувентус за правата на шведскиот репрезентативец Дејан Кулушевски се пред пропаст. Во последните две сезони Кулушевски игра во Тотенхем, но како позајмен играч од Јувентус.
Двата тима сега преговараат за англискиот тим да го откупи договорот на Швеѓанецот со македонски корени, но се далеку од договор. Од Тотенхем не планираат да дадат повеќе од 20 милиони евра за Кулушевски, а Јувентус не сака да го продаде за сума помала од 35 милиони евра.
Во сезоната што измина, Кулушевски одигра 30 меча во Премиер лигата, во кои постигна два гола, а имаше и седум асистенции.