Партизан поведе со 1:0 против Црвена ѕвезда во финалето на АБА-лигата. Во „Штарк арената“ пред повеќе од 18.000 гледачи, Партизан го победи вечниот ривал со 88:80.
Црвена ѕвезда поведе со 2:0, а потоа Партизан со фуриозна игра стигна до 13:4, а најголемата разлика на Црно-белите во првата четвртина стигна и до 12 поени (26:14). Во втората четвртина Партизан константно имаше двоцифрена предност, која во еден момент изнесуваше 22 поени (54:32), а на полувреме домаќините имаа предност од 56:36.
Убедливото водство на Партизан беше и во поголем дел од третата четвртина (71:53 во 27 минута), но Црвена ѕвезда не се предаде. Црно-белите намалија на 71:61 и тоа беше најава за интересна последна четвртина. Црвена ѕвезда намали на 83:77 на три минути пред крајот, но потоа гостите две минути не можеа да погодат и тоа беше крај на нивните шанси да направат пресврт.
Овој меч влегува во историја затоа што Партизан прослави бројка од 500.000 гледачи кои сезонава ги гледале во „Штарк арената“ во сите наптреварувања.