Македонската машка одбојкарска репрезентација претрпе минимален пораз од Хрватска во драматичен дуел од Златната европска лига.
Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски водеа со 1-0 во сетови, па Хрватска поведе со 2-1, Спартанците израмнија, водеа и со 13-12 во петтиот сет, но сепак во салата во Задар се радуваа домашните, за кои ова е прва победа во циклусот.
Се продолжи традицијата кога играат овие две селекции меѓу себе, да има пет сета и да победува тој што е во улога на домаќин, така е веќе на четири пресметки по ред.
Во последното коло македонскиот тим игра дома со силната Украина, која во петте меча нема загубено ни сет.