Дербито на Лисабон меѓу најтешките загатки на „Спортска прогноза“

Спортската прогноза што за вас ја организира Спорт Манија е во тек со новото коло, кое можете да го одиграте до утре, до 15.30 часот. Едноставно е, треба само да ја посетите страната на Спорт Манија и да прогнозирате.

Прогнозирањето е бесплатно, а наградите се примамливи. За погодена тринаесетка се добива мобилен телефон iPhone XS, а следна награда е уште еден мобилен телефон од марката Samsung Galaxy A6 2018 што ќе го доделиме на прогнозерот со 12 погодени парови.

Има уште дузина вредни награди и ваучери, а важно е да се погодат што повеќе двојки во секое коло, вклучувајќи ги и резервните парови, во битката за што подобра позиција во Генералниот пласман. И тука ќе има награди, што значи дека треба да се прогнозира во континуитет.

Во колото што е во тек, една од најинтересните двојки е дуелот меѓу Спортинг и Бенфика. Дербито на Лисабон има едновековна традиција, тие дуели се со посебен шарм, особено за темпераментните Португалци.

Големиот ривалитет меѓу популарните „лавови“ од Спортинг и нивните големи ривали „орлите“ на Бенфика се разгоре во 1907 година. Непосредно пред стартот на првото дерби дури 8 фудбалери на Бенфика преминале во редовите на големиот ривал Спортинг, што за малку не довело до инциденти на улиците на Лисабон.

Спортинг го доби тој меч со 2-1, тоа е почетокот на големиот ривалитет, а Бенфика има предност во меѓусебниот биланс. Имаат вкупно 130 победи против Спортинг во сите натпреварувања, наспроти 108 на „зелено-белите“, гарнирани со 65 дуели без победник на вкупно 303 меѓусебни мечеви.

Треба да се спомене дека во недела, на „Жозе Алваладе“, стадионот кој е дом  на Спортинг, нема да игра нашиот репрезентативец Стефан Ристовски поради црвениот картон што го доби против Сетубал.

Во нашиот избор има уште 12 неизвесни натпревари, чии исходи можете да ги прогнозирате лесно и бесплатно.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести