Љубителите на фудбалот во Кина деновиве полудуваат по Лионел Меси, кој е во нивната земја заедно со останатите аргентински репрезентативци, а во моментов во Пекинг играат пријателски меч против Австралија.
Сите играчи на теренот имаат дресови со презимињата напишани со кинеско писмо и Меси не е исклучок, а Лео им донесе водство на Гаучосите само по 80 секунди игра.
Голот на Меси за водство на Аргентина од 1-0 може да го видите ТУКА.