Кошаркарите на Партизан поведоа со 2-0 во победи против Црвена ѕвезда во финалната серија во АБА-лигата и се наоѓаат на чекор од шампионската титула.
Црно-белите вечерва го совладаа вечниот ривал со 87:78 и дојдоа само на една победа од седма шампионска титула во регионалното натпреварување.
За разлика од првиот меч, овојпат Црвено-белите не му дозволија на Партизан да направи голема предност во првото полувреме. Најголемата предност на една екипа во првиот дел изнесуваше шест поени и ја имаше Партизан (13:7, 20:14). Првата четвртина заврши со минимални 23:22 за Партизан, но втората ѝ припадна на Црвена ѕвезда со 21:22.
Во третата четвртина, Партизан со серија од 10:1 дојде до предност од 59:51 и предноста не ја испушти до крајот на натпреварот. Во последната четвртина, Црвено-белите по тројката на Вилдоза во 36-тата минута намалија на 78:74, но потоа не искористија три напади по ред и тоа го казни Џејмс Нанели со тројка за водство од 82:74 и ја завери победата на Партизан.
Џејмс Нанели и Ален Смаилагиќ со по 15 постигнати поени беа најдобри кај Партизан, додека Немања Недовиќ со 21 поен беше најдобар во редовите на Црвена ѕвезда.
Третиот меч од финалето ќе се игра за три дена во салата „Александар Николиќ“, на кој домаќин ќе биде актуелниот шампион Црвена ѕвезда.