Репрезентациите на САД и Канада ќе играат во финалето на Лигата на нациите во КОНКАКАФ зоната (Северна и Средна Америка).
Американците го разбија Мексико со 3-0, а Канаѓаните беа подобри од Панама со 2-0.
На дербито САД – Мексико, Кристијан Пулишиќ ги даде првите два гола и го најави триумфот, а втората половина на второто полувреме беше хаотична, со тепачки и по два црвени картони за двата тима. Од тимот на САД, исклучени беа Мекени и Дест. Конечните 3-0 ги постави Пепи и тоа е најубедлива нивна победа над соседот на официјален меч во 89-годишната историја на меѓусебни дуели.
Ова е најтежок пораз на Мексико од некој ривал од Северна или Средна Америка во последните 50 години. Во 1973 година, Мексиканците беа декласирани од Тринидад и Тобаго со 0-4. Мексико има серија од шест меча по ред без победа против Американците.
Red cards. Clashes. Ripped shirts. Just another day in USA vs. Mexico.
CHAOS ⚔️
(via @CBSSportsGolazo) pic.twitter.com/K188dLDjJB
— B/R Football (@brfootball) June 16, 2023