Зинедин Зидан може да се врати во Реал Мадрид по четврти пат, пишуваат шпанските медиуми. Првиот пат на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна како играч, па потоа двапати беше тренер, а сега Зидан може да се врати во Реал Мадрид како десна рака на претседателот Флорентино Перес.
Медиумите пишуваат дека Перес повторно сака да го има Зидан во клубот, но засега не го гледа како замена за Карло Анчелоти, туку го сака како советник и врска помеѓу соблекувалната и управата.
Перес се надева дека Зидан ќе ја прифати понудата и со тоа во исто време би имал идеално решение за клупата доколку Анчелоти не ја започне добро сезоната и добие отказ.
Зидан досега ги одби понудите на ПСЖ и Јувентус да седне на клупата, а сега останува да видиме дали ќе може да му каже Не на Перес.