Во Приштина пееја „Косово е Србија“, па ги исфрлија од стадион (Видео)

Косово и Романија одиграа без голови на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина, во дуел од квалификациите за Европското првенство 2024 година. Голови немаше на теренот, но на трибините беше жешко.

Гостинските навивачи кои беа на трибините постојано пееја „Косово е Србија, вие сте измислена држава“, па реагираше полицијата. Специјалците влегоа на трибината каде што беа гостинските фанови и веднаш ги исфрлија навивачите од стадионот.

Според законите на УЕФА, не смее да се употребуваат политички пароли и скандирања на фудбалски натпревари, па ќе видиме каква ќе биде реакцијата на Европската фудбалска куќа за овој инцидент.

Романија е земја која не ја признава независноста на Косово.

- Оглас -

Најнови вести