Магдебург по спектакуларна серија пенали ја совлада Барса за финале во ЛШ

Германскиот тим Магдебург е прв финалист во машката ракометна Лига на шампиони откако дури на пенали го совлада најтрофејниот ракометен клуб во Европа, Барса.

Во регуларниот дел беше 31-31, Магдебург во последниот напад се спасуваше од пораз, па Барса се провлече во продолженијата, па решаваше пенал рулетот. Во пенал серијата, Каталонците утнаа дури четири седмерци од кои три на ист начин, со силно отскокнување на топката од подот, па Германците се радуваа и одат по својата четврта европска титула, прва после 2002 година.

- Оглас -

Најнови вести