Киелце ја доби драмата против ПСЖ, Светците остануваат да сонуваат да бидат прваци на Европа

Киелце ќе биде ривалот на Магдебург во финалето на ракометната Лига на шампиони. Полскиот тим славеше над ПСЖ со 25:24 во драматичното второ полуфинале кое се одигра денеска на фајнл-фор турнирот во Келн.

Неизвесно беше во првото полувреме. Двете екипи се менуваа во водство. ПСЖ водеше со 11:9, но потоа Киелце направи пресврт и стигна до три гола предност од 16:13.

https://twitter.com/i/status/1670119635402780672

Во второто полувреме ПСЖ речиси постојано бркаше негатива, а по 17:20, францускиот тим со серија од 4:0 стигна до предност од 21:20. Потоа Киелце поведе со 22:21 и до крајот на мечот се играше гол за гол. Беше 24:24 кога Киелце постигна погодок, а ПСЖ го имаше последниот напад за нерешено, но не успеаа да погодат.

- Оглас -

Најнови вести