Магдебург повеќе од 20 години чека нов европски трон, но Киелце е фаворит за титулата

Германскиот Магдебург и најуспешниот полски клуб Киелце ќе играат денеска во финалето од ракометната Лига на шампиони во Келн. Магдебург е во улога на аутсајдер, но така беше и во полуфиналето, па успеаа да го победат и елиминираат првиот фаворит за златото, екипата на Барселона и тоа по подобро изведување на пенали.

Киелце до финалето стигна откако во драматичен меч, со 25:24 го победи Пари Сен Жермен. Интересно е дека Магдебург и Киелце немаат играно меѓусебе, иако се работи со клубови со традиција и клубови кои веќе знаат како е да се освои Лигата на шампиони.

Магдебург три пати бил европски првак и тоа во далечните 1978, 1981 и 2002 година. Киелце еднаш се радувал на континенталниот трон и тоа во 2016 година, кога во едно од најневеројатните финалиња успеа со 39:38 да го победи Веспрем.

Пред финалето, во борба за третото место ќе играат Барселона и ПСЖ. Многумина прогнозираа дека овие две екипи ќе играат во финалето, но ракометот уште еднаш покажа дека е непредвидлив, па ова ќе биде борба само за утешното трето место.

Во Sport Life има голем број на игри за завршните два меча во ракометната Лига на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести