Кадетскиот тим на Алкалоид е освојувач на вториот меморијален турнир „Марко Божиновски“ кој се одржува во чест и сеќавање на прерано починатиот македонски ракометар и репрезентативец.
Во финалето на турнирот, актуелниот првак во кадетска конкуренција, тимот на Алкалоид го победи тимот на Коњух од Босна и Херцеговина и тоа минимално со 26:25.
Поради лошите временски услови, турнирот се одржа во малата сала „Јане Сандански“, а освен финалистите кои се бореа за тронот, учествуваа и екипите на Пелистер, Бутел Скопје, Голден Арт и Аеродром.