Македонија и Украина повторно на мегдан, одбојкарите ќе се обидат да се реваншираат за поразот на фудбалерите

Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва (20.15 ч.) ќе го одигра последниот натпревар во Европската златна лига против Украина.

Ова е втор меч меѓу Македонија и Украина кој во последните два дена ќе се игра во Скопје, во петокот, фудбалерите загубија со 2:3, а вечерва одбојкарите ќе се обидат да се реваншираат за тој пораз. Но, задачата за избраниците на селекторт Јошко Миленсковски ќе биде пеколно тешка бидејќи Украина и лидер на табелата во грпата Б со максимални пет победи и импресивна сет-разлика 15-0.

Но, одбојкарите не размислуваат за предавање, посебно бидејќи на првиот меѓусебен дуел одиграа два рамноправни сета. Македонија двете победи во досегашните пет кола во Европската златна лига ги оствари во Скопје, Белгија беше совладана со 3-1 во сетови, додека Хрватска со 3-2.

Квотите се на страната на Украина, која славеше на последните пет меѓусебни пресметки, додека Македонија победи на првиот меч кој се одигра во 2013 година.
Натпреварот ќе се игра во СЦ Борис Трајковски, а влезот ќе биде слободен.

- Оглас -

Најнови вести