Еден Азар во изминатите шест месеци се прости од белгиската репрезентација и од Реал Мадрид со кого го раскина договорот, а сега ги пецна Кралевите.
На натпреварот од квалификациите за ЕП 2024 меѓу Белгија и Австрија (1:1), навивачите се простија од Азар истакнувајќи транспарент „Ти благодариме Еден“.
„Овој потег на навивачите не направи среќен, тоа е доказ дека сум направил доста добра работи. Не знам што ќе ми донесе иднината. По три тешки години, сакав повеќе време да поминам со семејството, сега ќе одам на одмор. Подготвен сум да продолжам да играм професионален фудбал, па се одморав 2-3 години“, изјави Азар за белгиските медиуми.
Eden Hazard was resting at Real Madrid 😬 pic.twitter.com/lpVAy8vere
— GOAL (@goal) June 18, 2023
Шпанските медиуми го прогласија Азар на најлошо засилување во историјата на Реал Мадрид. Кралевите го платија повеќе од 100 милиони евра, а тој повеќе беше на клупата на резервни играчи и на рехабилитација од повредите, отколку што играше фудбал.