Барселона нема пораз во ЛШ, но на крајот сезоната ја заврши како третопласирана

Ракометарите на Барселона го совладаа ПСЖ со 37:31 и го освоија третото место на завршниот турнир во Лигата на шампионите, кој традиционално се игра во Келн, Германија.

Каталонскиот тим сезоната ја заврши без пораз во регуларниот дел или продолженијата, но кобни беа пеналите во полуфиналето од завршниот турнир против Магдебург.

До вчерашната пресметка со германскиот тим, Барселона имаше 13 победи и само едно реми ви групната фаза, а во нокаут фазата оствари уште две победи. Но, во дуелот со Магдебург кој по 70 минути игра беше нерешено, ракометарите на Барселона очајно ги извесуваа седмерците, погодија само еден и ја предадоа круната.

Денеска каталонскиот тим доминираше во текот на сите 60 минути против ПСЖ чиј тренер е Раул Гонзалес кој во 2017 година со Вардар стана европски шампион, а бек е Даинис Криштопанс кој пак во 2019 година со Црвено-црните триумфира во ЛШ.

Барселона дилемите околу победникот ги реши уште во првото полувреме кое го доби со 22:13 и во вториот дел, рутински ја заврши работата.

Најпрецизни кај Барселона беа Блаж Јанц со седум, како и Хампус Ване, Мелвин Ричардсон и Тимоти Нгесан кои дадоа по пет гола. Кај ПСЖ, Саду Нтанзи Камил Шипжак постигнаат по седум гола.

- Оглас -

Најнови вести