Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски, после тренингот на „Олд Трафорд“, рече дека утре против Англија може да останеме непоразени само ако се одржи концентрацијата во сите 90 минути.
„Треба да се фокусираме, да го дадеме максимумот. Ако биде така, можеме до позитивен резултат, зошто да не и до победа. Очигледно е дека има замор, крај на сезона е, но имаме добри играчи кои може да одговорат на предизвикот, само треба да го одржиме фокусот и концентрацијата. Првите 60 минути со Украина беа перфектни, но мечот трае 90 минути, не останавме на исто ниво до крај. Ова е нов меч, ново докажување, само со фокус во текот на цел меч можеме до позитивен резултат“ – вели Димитриевски, кој во последниот бедем пред него ќе го нема Висар Муслиу кој доби црвен картон против против Украина, па селекторот Благоја Милевски ќе треба да направи промена можеби и во целата дефанзивна формација.