Германски Магдебург е нов освојувач на ракометната Лига на шампиони, откаково финалето во Келн, после продолженија го победи Кјелце со 30-29.
Полскиот тим водеше во голем дел од мечот, но на крај Германците го добија мечот и за првпат после 2002 станаа освојувачи на ЛШ. Кјелце остана на само една титула, онаа од 2016 година, а втора година по ред губи во финалето.