Почина полскиот новинар кој колабираше за време на ракометното финале во Келн

Полскиот новинар Павел Котвица (51) кој работеше за порталот „Ехо Днија“, почина за време на финалниот натпревар од ракометната Лига на шампионите во Келн.

Новинарот колабираше во средина на второто полувреме на финалниот меч меѓу Магдебург и Кјелце, поради тоа средбата беше прекината 15-тина минути додека му се укажуваше лекарска помош, по што беше пренесен во болница.

По крајот на финалето стигна информација дека новинарот Павел Котвица починал. Во чест на новинарот беше откажана традиционалната прес-конференција по крајот на Ф4 турнирот.

- Оглас -

Најнови вести