Црвена ѕвезда го враќа ударот, преполовено водството на Партизан во финалето на АБА

Партизан ќе мора да почека на прославата на титулата во АБА лигата, првата меч-топка е испуштена, откако вечерва во салата „Александар Николиќ“, Црвена ѕвезда беше подобра од градскиот ривал со 91-78.

Кај Црвено-белите имаше повеќе расположени играчи, мотивирани беа, па успеаја да спречат „метла“ и да се изборат за четврти меч во оваа серија во која досега ниту еден меч не беше неизвесен до последните секунди.

И следниот меч во вторник се игра во истата сала, Ѕвезда пак ќе ја има поддршката од трибините, а ако биде 2-2, мајсторката би се играла во „Штарк арената“ каде домаќин сезонава е Партизан.

- Оглас -

Најнови вести