Славниот тениски стручњак Патрик Муратоглу, кој е најпознат по тоа што десет години беше тренер на Серена Вилијамс, а работел и со некои од машките тениски ѕвезди, смета дека расправата околу тоа кој е најдобар тенисер во историјата е непотребна бидејќи главен критериум се титулите и тука прв е Новак Ѓоковиќ.
„Единствено мерило се титулите. Ѓоковиќ ги победуваше Надал и Федерер на сите гренслеми. Има најмногу гренслеми, најмногу мастерси, најмногу завршни мастерси, убедливо најмногу недели на првото место на светската ранг-листа. Импресионира што и на 36 години ги освојува најголемите турнирот, крај на дискусијата“, вели Муратоглу.
За Французинот, кој игра најубав тенис не е релевантно за избор на најдобриот.
„Точно е дека можеби тенисот на Новак не е најубав за око. Точно е и дека тој не е најсаканиот тенисер на светот. Но, тоа се субјективни оценки. Објективно, тој е најдобриот тенисер што некогаш држел рекет“, заклучува Муратоглу.