Македонските фудбалери ќе имаат статус на домашни играчи во Премиер лигата на БиХ!

Фудбалерите од просторите на поранешна Југославија, а тоа значи и Македонија, веќе нема да се сметаат за странци во босанската Премиер лига. Ова е голема новина која денеска беше изгласана од извршниот одбор на Фудбалската федерација на БиХ.

Секој клуб ќе има право да регистрира тројца странци, а за странци ќе се сметаат само играчи од земји кои не се од бивша СФР Југославија.

Досега таму смееја да играат најмногу по пет странци во секој клуб, но за странци се сметаа и Србите, Хрватите, Македонците, Словенците, Црногорците.

- Оглас -

Најнови вести