Метла за Кралевите, Барселона му ја зеде титулата на Реал и во кошарка

Кошаркарите на Барселона се нови шампиони на Шпанија откако во финалната серија славеа со 3-0 во победи над Реал Мадрид.
Последниот триумф кој им ја донесе 20-тата титула го остварија во Мадрид, и тоа со 93:82.

Барселона сезонава успеа да му ги земе на Реал Мадрид титулите во двата најпопуларни спорта, прво тримфира во фудбалската Ла Лига, а вечерва и во кошаркарската АЦБ-лига.

https://twitter.com/BasketNews_com/status/1671259656675794944?s=20

Најзаслужни за третиот триумф во финалната серија беа Весели со 18, Миротиќ со 14, Јакубајитис со 13, како и Калиниќ и Лапровитола, кои дадоа по 10 поени. Кај Реал Мадрид најрасположен за игра беше Таварес со 19 постигнати поени.

 

- Оглас -

Најнови вести