Модриќ го продолжи договорот со Реал, но може воопшто да не игра за Кралевите оваа сезона?!

Лука Модриќ и Реал Мадрид ја продолжија соработката за уште една сезона, но шпанскиот весник „Спорт“ открива интересен детаљ од договорот. Според шпанскиот медиум, во договорот помеѓу Хрватот и Кралскиот клуб има клаузула со која договорот престанува да важи ако фудбалерот добие спектакуларна понуда од друг клуб.

Во моментов има таква понуда бидејќи клуб од Саудиска Арабија му нуди 600 милиони евра за тригодишен договор. Како што пишува „Спорт“, Модриќ со своето семејство ја разгледува понудата и опциите за преселба на Арапскиот Полуостров.

Лука Модриќ со Реал Мадрид освои сè што може еден фудбалер да освои и оваа понуда од Саудиска Арабија му е последната шанса за голема заработка, со оглед на тоа дека има 38 години.

- Оглас -

Најнови вести