Брозовиќ ќе избира помеѓу модерниот фудбал и парите: Барселона или Саудиска Арабија?

Се чини дека не постои фудбалер во Европа кој нема понуда да се пресели во Саудиска Арабија ова лето. Хрватскиот репрезентативец и фудбалер на миланскиот Интер, Марсело Брозовиќ, на маса има две понуди. Едната веќе ја одби, а таа е онаа од Саудиска Арабија, бидејќи 30 милиони евра за две сезони се премалку за фудбалерот. Втората сè уште ја разгледува, а е од Барселона и изнесува 7 милиони евра годишна плата.

Хрватот не е задоволен со понудата од Саудиска Арабија, која тежи „само“ 15 милиони евра годишно, со оглед на високите суми кои ги добија останатите фудбалери. Според ова, Барселона нема никакви шанси да го доведе во своите редови, но трансферот на “Камп ноу“ ќе значи останување во модерниот фудбал и уште некоја сезона врвен европски фудбал за Брозовиќ, кој има 30 години.

Хрватот има договор со Интер до 2026 година, но сосема е извесно дека летово ќе си замине од „Џузепе Меаца“. Сепак, и Интер не е задоволен од понуденото обесштетување од Арапите, кои нудат 18 милиони евра, а италијанскиот клуб бара 27 милиони евра.

Брозовиќ во Интер се пресели пред седум години од Динамо Загреб за пет милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести