Галатасарај ќе дојде во Скопје, но само ако Струга го елиминира Жалгирис!

Екипата на Струга Трим Љум го дозна потенцијалниот ривал за второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Славниот турски великан Галатасарај ќе гостува во Скопје на крајот на јули, но само доколку Струга успее да го елиминира литвански Жалгирис во првото квалификациско коло.

Ова треба да биде дополнителен мотив за шампионот на Македонија и со добра игра против Жалгирис да се избори за најголемиот меч во кратката клупска историја, но и натпревар кој ќе им донесе најмалку пласман во плеј-оф рундата на Конференциската лига.

Евентуалниот прв натпревар ќе се игра кон крајот на јули во Скопје, додека реваншот ќе биде на почетокот на август во Истанбул.

- Оглас -

Најнови вести