Соиграч на Меси во Интер Мајами со семејството беше во Зоолошка градина и заврши во болница

Голманот на Интер Мајами, Ник Марсман, заврши во болница откако заедно со сопругата и децата ја посети Зоолошката градина во градот на Флорида.

Марсман дури три дена лежеше во болнички кревет бидејќи бил каснат од смртоносен пајак.

„Лошата страна на тропската клима. Одите во Зоолошка градина и ќе ве касне смртоносен пајак“, напиша сопругата на Марсман на социјалните мрежи.

Ник Марсман од 2021 година е член на Интер Мајами, а од идниот месец на тимот ќе му се приклучи Лионел Меси.

- Оглас -

Најнови вести