Шпанскиот тенисер Рафаел Надал најави дека идната сезона ќе му биде последна и желба му беше кариерата да ја заврши на Олимписките игри во Париз, но таа нема да му се оствари.
Според правилата за настап на Олимписките игри, Надал нема право да учествува на Игрите во Париз. Тенисерот не настапи за репрезентацијата на Шпанија на последните две изданија на Дејвис купот, што е предуслов за настап на Игрите во Париз.
Тенискиот турнир на ЛОИ во Париз ќе се игра на земја, поточно на терените каде што се игра Ролан Гарос, гренслем-турнир на којшто Надал победи дури 14 пати.