Германскиот репрезентативец за 65 милиони фунти се сели од еден дел на Лондон во друг дел

Напаѓачот Кај Хаверц е засилување на Арсенал за следната сезона. Германскиот репрезентативец кај Топчиите доаѓа за трансфер од 65 милиони евра, и тоа директно од градскиот ривал Челзи.

Хаверц беше дел од играчите кои беа на листата за „чистка“ од Челзи, клубот кој имаше очајна сезона и заврши во долниот дел од табелата во Премиер лигата. Каверц важи за еден од најталентираните фудбалери кој кариерата ја започна во Баер Леверкузен, а во Челзи дојде како големо засилување.

Сепак, челниците на Сините од Лондон не беа премногу задоволни од Хаверц и решија да го продадат и добро да заработат.

- Оглас -

Најнови вести