Мурињо доби драстична казна поради навредување на судија

Португалскиот стратег Жозе Мурињо е казнет со четири меча забрана за водење на својот тим на мечеви во европските натпреварувања на УЕФА и тоа поради навредување на судија. Инцидентот се случи по завршување на финалето во Лигата на Европа, кога Рома на пенали загуби од Севиља, а Мурињо како најголем виновник за овој пораз го посочи судијата Ентони Тејлор.

Англискиот арбитер дури беше и вербално нападнат од Мурињо во поттрибинскиот простор на стадионот по завршување на финалето. Токму поради овој темперамент и непримерно однесување, Мурињо нема да може да ја води Рома на следните четири меча во европските натпреварувања во сезоната што следува.

 

- Оглас -

Најнови вести