Германскиот шампион Баерн Минхен успеа да ги победи англиските екипи во трката за потписот со корејскиот репрезентативец, Ким Мин-јае од Наполи.
Баварците договорија петгодишна соработка со дефанзивецот, но официјален потпис на договорот нема да биде ставен веднаш бидејќи фудбалерот има обврски кон својата татковина.
Ким-Мин јае мора неколку месеци да помине во Јужна Кореја на отслужување на воениот рок. Воениот рок е задолжителен за сите граѓани на Јужна Кореја, а олеснителна околност за Ким Мин-јае е тоа што во армијата има специјализирана единица во која служат спортисти. За нив воениот рок е пократок и најчесто трае 90 дена.
Поради тоа, договорот меѓу Баерн и Ким Мин-јае нема да биде официјализиран веднаш, туку по отслужувањето на воениот рок на фудбалерот.
Според германските медиуми, Баерн ќе му плати на Наполи 50 милиони евра отштета, а фудбалерот ќе заработува помеѓу 10 и 12 милиони евра по сезона и треба да потпише петгодишен договор.
Голем интерес за дефанзивецот на Наполи пројавуваа и англиските премиерлигаши Манчестер јунајтед, Арсенал, Њукасл.