Милијардерите Цукерберг и Маск најавуваат ММА борба во кафез

Газдата на компанијата МЕТА („Фејсбук“ и „Инстаграм“), Марк Цукерберг, е подготвен за ММА-борба во кафез со најбогатиот човек во светот Елон Маск. Цукерберг всушност ја прифати „фрлената ракавица“ од Маск, кој го предизвика на борба во кафез.

„Подготвен сум за меч во кафез ако е подготвен и тој“, беше пораката на Маск, а веднаш дојде и одговорот од Цукерберг, и тоа со легендарната реченица на непобедливиот фајтер Хабиб Нурмагомедов.

„Прати ми ја локацијата“ е одговорот на Цукерберг.

Иако се мали шансите да се случи ваква форма, сепак провокациите преку социјалните мрежи крена голема прашина. Цукерберг веќе почна интензивно да се занимава и да тренира, и тоа боречката вештина Џиу-Џицу, а веќе има настапувано на неколку турнири.

 

- Оглас -

Најнови вести