Саудијците прават еден од најчудните трансфери во кој ќе бидат вклучени три клуба

Рубен Невеш е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата. Португалецот во 2017 година пристигна во тимот на Вулверхемптон откако англискиот тим плати 17,9 милиони евра за неговиот трансфер од Порто.

Минатата сезона Рубен Невеш одигра 41 меч и постигна шест гола, плус една асистенција за вкупно 3.411 минути поминати на теренот. За Невеш се интересира Барселона, но многу веројатно е дека саудискиот клуб Ал-Хилал ќе успее да го доведе. Потпишувањето со Ал-Хилал нема да значи Невеш да игра во саудиската лига, туку да остане во Премиер лигата, и тоа како играч на Њукасл.

Португалскиот весник „О’Жого“ пишува дека фудбалерот веднаш ќе биде проследен како позајмен играч во Њукасл. Ал-Хилал и Њукасл имаат ист газда, а тоа е принцот Мохамед бин Салман и токму тука е конекцијата за Португалецот да би заиграл во Њукасл следната сезона, а сепак англискиот тим да не потроши дел од своите средства, туку да го добие како позајмен фудбалер. Њукасл летово создава тим со кој ќе треба да биде конкурентен во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести