Реал Мадрид е подготвен да го одврзе ќесето за најголемиот турски талент

Реал Мадрид сериозно е заинтересиран за услугите на најголемата турска фудбалска надеж Арда Гулер. Младиот 18-годишен фудбалер веќе две сезони е првотимец на Фенербахче, а веќе е и сениорски репрезентативец на Турција постигнувајќи го и дебитантскиот погодок против Велс во квалификациите за Европското првенство.

Гулер настапува како офанзивен фудбалер за врска и на грбот го носи бројот 10, а Кралскиот клуб за него е подготвен да плати 18 милиони евра.

Сепак, доколку Турчинот се одлучи да се пресели во Мадрид, ќе мора да го мине прво филтерот во славната „Кастиља“ на Реал, а дури потоа да ѝ се приклучи на првата екипа.

- Оглас -

Најнови вести