Вардар нема да го продолжи договорот со Јан Чувара, полскиот ракометар е слободен да си бара нов клуб

Уште еден ракометар си заминува од екипата на Вардар и нема да биде дел од „црвено-црните“ за следната сезона. Полскиот репрезентативец Јан Чувара е слободен да си бара нов клуб откако неговиот договор истече со крајот на сезоната, а раководството на клубот одлучило да не му го продолжи.

Чувара во април се здоби со повреда на вкрстените лигаменти на коленото и мораше да му биде направена операција. Тој за полскиот медиум ТВП Спорт вели дека е изненаден од одлуката на клубот да не му биде продолжен договорот.

„Мојот договор заврши во јуни, но клубот ми понуди нов договор за следната сезона. Усно се договоривме, остана само да ги потпишеме документите. Сега барам нов клуб, иако знам дека нема да биде лесно затоа што сум на рехабилитација. Крајот на јуни е лош период да се бара нов клуб бидејќи сите екипи веќе го имаат затворено ростерот за следната сезона“, вели Чувара за полскиот медиум.

Чувара во Вардар пристигна во 2021 година од полската екипа Гурњик Забже, а претходно настапуваше и за Заглебје и Миеѓ.

 

- Оглас -

Најнови вести