Хрватскиот атлетичар Дино Бошњак не е спортист кој може да се пофали со завидни резултати, но покажа човечност каква што ретко се гледа во последно време. На трката на 5.000 метри на Европските игри во Полска, Бошњак реши да му помогне на конкурентот да стигне до целта.
Се работи за Словенецот Вид Ботолин кој во последните метри од трката делуваше дезориентирано и немаше сила мачејќи се да остане на нозе и да стигне до целната линија. Кога тоа го виде Бошњак, кој беше зад него, го фати конкурентот и му помогна да стигне до целта.